Мајкл Џордан, за многумина и најдобриот кошаркар на сите времиња е претпознатлив и по својата конкурентност. Како и што е прикажано во документарецот „Последниот танц“ за инспирација му е потребен и само мал гест, меѓутоа границите на моралот не се познати за шесткратниот НБА шампион.
Како што пренесува Чак Клостерман, во своите колеџ денови, Џордан „измамил“ и повозрасна жена, мајка на својот соиграч од Северна Каролина. На пријателска партија покер, откако жената заминала во тоалет, тој го искористил времето да и ги „ѕирне“ картите. Оваа приказна нема крај, но е добар показател за победничкиот менталитет на Џордан.
„Оваа андегдота е често користена како пример за тоа што го правеше Џордан посебен: тој беше способен за се, само да победи, без разлика на околностите“ – објасни Клостерман
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА