Ненад Димитријевиќ беше МВП на ланскиот плејоф во ВТБ-лигата, а македонскиот репрезентативец продолжи со импресивни изданија и во новата сезона од силното регионално натпреварување. Затоа, не е никакво изненадување што за него редовно има место и во идеалната петорка на ВТБ, како што тоа беше случај и во последниот „тим на неделата“, кој се однесува на периодот од 22 до 28 јануари
Тој одигра меч за паметење против Автодор, постигнувајќи 35 поени надополнети со шест скока, шест асистенции и четири украдени топки, па Македонецот сосема заслужено повторно беше дел од идеалната петорка. Во изминатата седмица Уникс имаше скор од 2-0, пред се благодарение на одличниот Димитријевиќ, кој во овој период имаше просек од 21 поен, 4 скока и 4,5 асистенции, со просечни 27 индексни поени по натпревар.
Друштво на македонскиот плејмејекр во идеалната петорка за минатата седмица му прават Ричард Соломон од Парма, Џеремаја Мартин од Одисеј, Каспер Вер од ЦСКА Москва и Андреј Марчјук од Локомотив Кубаан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА