„За Елмас ќе преговараме дури откако ќе заврши сезоната“

Елиф Елмас игра во импресивна форма откако дојде на позајмица од Лајпциг во редовите на Торино, а јасно е дека италијанскиот клуб ќе се обиде да го задржи Елмас и по истекот на оваа шестмесечна позајмица.

Италијанските медиуми шпекулираа дека преговорите со Лајпциг се веќе стартувани и Торино инсистира на намалување на клаузулата од 17 милиони евра, но претседателот Урбано Каиро демантираше дека воопшто разговарал со германскиот клуб во последниот период.

„Елмас? Сите видовте каков гол постигна против Верона, вистинско ремек-дело. Среќни сме што го имаме и сигурно ќе се обидеме да го задржиме. Нема да брзаме, не преговараме со Лајпциг, ниту пак ќе почнеме разговори до крајот на сезонава. Потоа, ќе видиме што ќе се случи летово“, изјави Каиро за италијанските медиуми.

Едно е сигурно, ваквата пасивност може скапо да го чини Торино бидејќи Елмас со одличните настапи само си ја крева цената, а се подолга е листата на клубови кои ќе се обидат да се договорат со Лајпциг за целосно да го откупат Елиф во текот на летниот преоден рок.

Се вчитува...