Луис Енрике тренерот на ПСЖ ја отфрли фаворитската улога на својот тим во четвртфиналната пресметка против Астон Вила во Лигата на Шампионите.
Пред првиот натпревар кој ќе биде одигран на „Паркот на принцевите“ со почеток од 21 часот шпанскиот стратег даде дознаење дека тој и неговиот тим веќе совладале фаворит во осминафиналето елиминирајќи го Ливерпул, што е доказ за компетентноста на сите тимови кои се пласирани во елиминациската фаза.
„Фаворити сме исто колку што бевме и против Ливерпул во осминафиналето кога кладилниците не ни даваа или пак ни даваа минимални шанси. Нема фаворити во оваа фаза. Осум тимови стигнаа до тука и го заслужија тоа. Осум тимови кои можат да поминат во следната фаза. Ќе го направиме тоа што мораме да победиме на теренот, но ќе биде многу тешко“, изјави Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА