За фановите на Партизан нема дилема: Само еден тренер може да го наследи Обрадовиќ

Веста за оставката на Жељко Обрадовиќ во Партизан како „бомба“ одекна во кошаркарска Европа, а дел од медиумите попладнево објавија дека тренерот воопшто не се нашол на списокот на патници за Белград, туку решил да остане во Атина каде има куќа уште од времето кога го водеше Панатинаикос.

Дел од медиумите објавија дека Обрадовиќ понудил оставка, но и дека таа може да не биде прифатена од управата. Други пак тврдат дека одлуката на најтрофејниот европски тренер е конечна и по серијата слаби изданија што кулминираше со убедливиот пораз во Атина тој веќе ставил до знаење дека оваа епизода е завршена за него.

Неколку српски портали почнаа со анкети околу тоа кој треба да го води Партизан, при што резултатите секаде се идентични – оваа улога според фановите на „црно-белите“ треба да му биде доделена на Андреа Тринкиери. Италијанецот со успех го водеше тимот во Еврокупот до прекинот на сезоната поради коронавирусот, по што редовно во настапите во јавноста ја истакнуваше приврзаноста кон српскиот кошаркарски гигант.

Тринкиери е без ангажман откако минатата сезона го водеше тимот на Жалгирис, а дел од медиумите тврдат дека тој денеска бил и контактиран од управата на Партизан, изразувајќи подготвеност да го прифати големиот предизвик.

Се вчитува...