За фантастичната форма Барслеона ќе го награди Левандовски со помала плата

Фантастичниот старт на новата сезона на Барселона проследен со 11 победи и само еден пораз се темели и на фантастичната форма на полскиот голгетер Роберт Левандовски кој постигна 14 од 40 голови на каталонскиот тим.

Левандовски е убедливо најдобриот стрелец во Ла Лига, засенувајќи ја конкуренцијата, но и тоа нема да му донесе поголема плата, напротив доколку дојде до продолжување на соработката тој ќе заработува помалку.

Имено, Левандовски има договор со важност до крајот на сезоната 2025/26, а и клаузула во договорот која му носи продолжување на соработката доколку одигра 55 отсто од натпреварите во сезоната. Доколку се активира договорот тој сепак нема да заработи 32 милиони евра кои му следуваат, туку само 26 милиони евра со цел да и излезе во полза на Барселона.

Се вчитува...