За Феликс повеќе нема место во Атлетико Мадрид

Жоао Феликс по шестмесечната позајмица во Челси се врати назад во редовите на Атлетико Мадрид, но очекувањата се дека нема уште долго да се задржи во тимот од главниот град на Шпанија. „Јорганџиите“ се откажаа од неговите услуги, а шпанските медиуми информираат и за немила сцена на тренингот.

Португалецот денеска ги започна подготовките за новата сезона, но прво му беше соопштено дека го губи бројот седум, а по крајот на тренинг младиот фудбалер имал и краток и нималку пријатен разговор со спортскиот директор на клубот Андреа Берта.

За Феликс кој го засили Атлетико Мадрид во трансфер вреден 126 милиони евра во 2019 година постои интерес од ПСЖ и тој е голема желба на новиот тренер Луис Енрике.

Се вчитува...