ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Македонските ракометари се полни со респект за Германија како актуелен европски првак, но во ниту еден случај не се плашат од големиот противник. Причината е јасна, овој македонски состав има и квалитет и карактер за да се носи со противници од највисок калибар, а на клупата ни седи стратег кому не му е непознато да зема скалпови на фаворити од највисоко реноме.
Во таква атмосфера мина и денешниот последен тренинг, ракометарите се свесни за големината на противникот, но и потајно се надеваат дека можат да им ги замрсат сметките на Германците и да се искачат на првото место во групата.
Сите се свесни, играта мора да биде многу подобра отколку против Црна Гора, но фактот дека и во слаби изданија добиваме ривали на средби од ЕП доволно говори за скокот во рејтинг на нашиот национален тим. Почетокот на овој шампионат е како „бајка“, сите сакаат таа да продолжи и утре, на дуелот со актуелниот првак на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА