Познатиот фудбалер на Евертон, Џек Грилиш, по операцијата на стапалото потврди дека тековната сезона е завршена за него, изразувајќи посебна благодарност до клубот во чии редови пристигна како позајмен играч од Манчестер Сити ова лето.
Грилиш последен пат играше за Евертон кон средината на јануари во победата против Астон Вила, по што беше надвор од терените поради повреда на стапалото.
Привремениот англиски репрезентативец беше успешно опериран во понеделник, но ќе мора да го помине остатокот од сезоната надвор од теренот и ќе се обиде да се опорави што е можно поскоро. Се чини дека за него е завршен и сонот да настапи на престојниот Мундијал за англиската репрезентација со оглед дека би требало да се опорави некаде на лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

