За Хрват нема дилема: Новак Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња

Хрватскиот репрезентативец и стопер на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол гостуваше на емисијата „Pro Direct: Soccer“ каде одговараше на брзи прашања.

Младиот талент говореше за соиграчите, омилените фудбалери од детството и оние кои најмногу го импресирале, но и они од кои многу се очекува, а доби и прашање кој е најголемиот спортист на сите времиња. За Хрватот тоа не е фудбалер, туку тоа е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

„Ќе скокнеме од фудбалот и ќе кажам Новак Ѓоковиќ. Тој освои се што можеше да освои“, изјави Гвардиол.

Се вчитува...