Златан Ибрахимовиќ воопшто не размислува за крај на кариерата иако шведскиот ас подолго време е надвор од терените по тешката повреда на коленото.
Тој потпиша нов договор со Милан во јули без оглед на повредата, во меѓувреме се појавија шпекулации дека наскоро би можел да објави крај на кариерата, но Златан јасно стави до знаење дека тоа нема да се случи.
„Рано ми е за пензија, се уште се чувствувам доволно добро за да играм на високо ниво на теренот. Не размислувам за крај на кариерата, туку за враќање на терените. Верувам дека тоа ќе се случи наскоро“, објави Златан Ибрахимовиќ.
Според најоптимистичките прогнози, Златан би можел својот камбек на терените да го има во јануари 2023 година и нема сомнеж дека неговото враќање би било огромен плус за Милан во борбата за одбрана на скудетото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА