За историја: Србија и Албанија заеднички ќе го организираат ЕП 2027 до 21 година!

Историски момент, се чини, за Балканот но и воопшто за фудбалска Европа. Србија и Албанија заеднички ќе го организираат Европското првенство 2027 за фудбалери до 21 година.

УЕФА денеска соопшти дека единствено понудата од Србија и Албанија за заедничка организација на првенството го исполнила рокот оваа недела за доставување детални планови околу посакуваната организација на турнирот.

Според најавите од европските медиуми, се очекува оваа понуда од Балканот да биде прифатена и ЕП 2027 да се одржува на осум стадиони во Србија и во Албанија.

Се вчитува...