За Кепа Аризабалага нема место на „Стемфорд Бриџ“

Шпанскиот голман Кепа Аризабалага и во новата сезона нема да биде дел од Челси, пренесуваат шпанските медиуми. Во „сините“ редови нема место за 29-годишниот чувар на мрежата од кој се очекува да реализира и перманентен трансфер од „Стемфорд Бриџ“.

Аризабалага ја помина веќе изминатата сезона во Реал Мадрид каде пристигна како замена за повредениот Тибо Куртоа, но и таму не беше опција број еден настапувајќи на 14 натпревари во Ла Лига. По враќањето на белгискиот голман тој повторно е прекуброен во тимот па шпанскиот клуб не ја активираше откупната клаузула.

Шпанецот го засили Челси во 2018 година во трансфер вреден 80 милион евра, но не ги исполни очекувањата во Челси забележувајќи значајни киксови кои скапо ги чинеа „сините“.

За негов ангажман најголем интерес покажуваат тимовите од Саудиска Арабија.

Се вчитува...