За Леброн Џејмс остануваат само две опции

Леброн Џејмс е се поблизу до донесување на конечна одлука околу својата иднина, а најдобриот кошаркар на денешницата пред себе има само уште две опции. Иако во изминатиот период „кралот“ беше поврзуван со бројни тимови, најзвучен делуваше трансферот во Хјустон рокетс, последните информации од САД говорат дека единствената дилема за Леброн е дали да остане во Кливленд, а доколку тоа не се случи негова следна дестинација ќе биде тимот на ЛА лејкерс.

Одлуката најверојатно нема да биде донесена премногу брзо, бидејќи Леброн сака да почека најмалку десетина дена по драфтот, да види за какви потези ќе се решат двата клуба. Неговата желба е јасна, каде и да игра догодина, повторно да има шанси да се бори за титулата. Лејкерси водат интензивни разговори за Ленард од Сан Антонио, па заедно со Леброн би создале убиствен тандем подготвен за атак на висок пласман.

Засега, раководството на Кливленд е во исчекување, на средина од минатата сезона ги исполни сите желби на Џејмс реновирајќи го тимот и стигнувајќи до финалето. Леброн Џејмс еднаш веќе си замина од Кливленд, тогаш во редовите на Мајами хит, па останува да се види дали „кралот“ пак ќе се реши на таков чекор, или овојпат ќе остане во таборот на кавалирси.

Се вчитува...