Леброн Џејмс се уште го нема одиграно првиот НБА натпревар во новата сезона поради проблемите со повреда. Сепак неговиот камбек е се поблиску со што ЛА Лејкерс и Лука Дончиќ ќе добијат огрома помош во амбициозната сезона.
Последен кој говореше за „Кралот“ е еден од тренерите во филијалата на ЛА Лејкерс во „Џи-лигата“ Саут Беј, клубот со кој легендарниот кошаркар тренира овие моменти. Зек Гутри кој откри интересни детали за тренингот на кошаркарот кој е во 40. година од својот живот.
„Да го имате најдобриот играч на сите времиња, пред се за сите нас претставуваше неверојатно искуство. Неговиот пристап и на овие тренинзи беше исклучителен. Секогаш е прв на тренинг, целосно е посветен и го одработува секој тренинг на највисоко можно ниво. Неговата посветеност, пред, за време на тренигот и по тренингот е нешто за во учебниците. Начинот на кој се грижи за своето тело… има многу што да се научи од него“, изјави Гутри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

