Легендарниот Род Лејвер признава дека Роџер Федерер е најголемиот во историјата на тенисот. Славниот Австралиец вели дека во негово време се било поинаку, од терените, рекетите, наградите, а тој сепак уживал во секој момент.
„На крајот целта беше да се победи противникот. Ми успеваше тоа. Но, сепак би рекол дека најдобар во тоа е Роџер Федерер. Нему му нема рамен во историјата. Начинот на кој игра е луд. Има единствен стил, пристап кон мечот, фокусиран е. Наскоро ќе наполни 37 години, а игра на неверојатно ниво“ – вели Лејвер.
На прашањето за тоа дали Федерер би можел да му конкурира да играл пет децении порано, кратко одговара:
„Дајте му дрвен рекет, па ќе видиме.“
Род Лејвер е единствениот тенисер што во Опен ерата успеал да ги освои титулите на сите четири гранслем турнири во иста година. Тоа го направи во 1969 година. Во негова чест, централниот терен на Австралија Опен во Мелбурн го носи токму неговото име.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА