За Лео Меси има место во репрезентацијата на Аргентина и кога е повреден

Лионел Меси ги пропушти последните пет натпревар за неговиот клуб Интер Мајами поради повреда, но и покрај тоа се најде на списокот на селекторот Лионел Скалони за престојните јужноамерикански квалификации за Светското првенство 2026 година.

Интересно, повредата на Меси настана по крајот на јужноамериканските квалификации на почетокот на месец септември. Отогаш Аргентинецот се појави само на средбата против Торонто, но беше заменет во 36. минута поради болки.

Ненастапите на Меси во дресот на Интер Мајами изразија големо незадоволство кај публиката во Соединетите американски држави со оглед на вртоглавата цена за билет која се наплаќа за средбите против Интер Мајами па ќе биде интересно да видиме Аргентинецот ќе ја надмине повредата пред настапот за својата репрезентација и што ќе значи тоа за неговиот тим.

Се вчитува...