ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКА – Вест Хем Јунајтед има напаѓач од врвна класа

Лондонското дерби во 15. коло на Премиерлигата помеѓу Тотенхем и Вест Хем Јунајтед заврши со гостинска победа од 1-2 благодарение на целосниот пресврт на „чекичарите“ во второто полувреме.

Еден од стрелците на головите за Вест Хем Јунајтед беше Џерод Боувен кој тргна по стапките на легендарните Робин ван Перси и Серхио Агуеро. За 26-годишниот напаѓач тоа беше седми последователен гол на гостински натпревар со што се изедначи со поранешниот ас на Манчестер Сити, но и понатаму останува два гола покус од поранешниот репрезентативец на Холандија (9).

Се вчитува...