ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: 0-2 е најнезгоден резултат против „граѓаните“

Манчестер сити на неверојатен начин после пресврт славеше над Тотенхем со 4-2 во заостанатиот натпревар од 7. коло во англиската Премиер-лига. Тимот од Лондон по првото полувреме имаше водство од 0-2, но и тоа не беше доволно за победа на избраниците на Антонио Конте.

„Граѓаните“ годинава се вистински „кралеви“ за пресврти. На пет натпревари кога имаа негатива од два гола на крајот успеваа да стигнат барем до бод.

 

 

Се вчитува...