„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Ако некој се прашуваше кој е „ГОАТ“ веќе нема дилема… Никој како Лео Меси

Лионел Меси вчера го доби признанието „Златна топка“ за најдобар фудбалер во светот за 2021 година награда која ја доделува реноминираниот „Франс фудбал“. За најдобриот фудбалер во светот беше вкупно седмо вакво признание со што е убедливо најуспешен во историјата.

Зад него по бројот на освоени „Златни топки“ е неговиот најголем ривал Кристијано Роналдо со вкупно пет, а потоа следат Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко ван Бастен со по три.

 

 

Се вчитува...