„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Арсенал, тим за иднината (ФОТО)

Арсенал се искачи на четврата позиција на табелата во Премиерлигата откако славеше во лондонското дерби против Вест Хем со 2-0. „Топџиите“ одиграа одличен меч на кој поведоа преку Мартинели, а тритте бода ги осигураа со голот на Смит-Роу.

Интересно вчерашните голови на младите фудбалери се само дел од десетте кои играчите до или помлади од 21 година оваа сезона ги постигнаа за Арсенал. Лидер на тимот е Смит-Роу со шест погодоци во противничката мрежа, а него го следат Мартнели и Сака со по два, што е воедно и најмногу голови постигнати од „младинци“ во елитата на англискиот фудбал. Тим за иднината.

Се вчитува...