Екипата на Баер Леверкузен синоќа го совлада Мајнц со 2-1, и така ја зголеми предноста пред својот ривал Баерн Минхен на 11 бодови, но „Баварците“ треба допрва да го играат својот меч.
Со оваа победа, избраниците на Чаби Алонсо се непоразени на 33 натпревари во сите натпреварувања, со што го сруши претходниот рекорд кој му припаѓаше на Баерн Минхен, кој беше без пораз 32 меча во сезоната 2019-2020. Малкумина сметаа дека некој друг тим освен „Баварците“ ќе го надминат тој рекорд, но после помалку од четири години се случи одличните „фармацевтите“ да го срушат овој рекорд.
Леверкузен со тоа стана најдобар тим во историјата на Бундеслигата. Тимот на Баер има 29 победи и четири нерешени средби. Во следното коло Леверкузен му гостува на Келн на 3. март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА