Баер Леверкузен ја продолжи својата серија на победи, и така триумфираше на 11-тиот меч по ред во сите натпреварувања. Воедно, тоа преставува клупски рекорд, откако никогаш во својата историја нема ваква серија на победи.
Избраниците на Чаби Алонсо вчера потешко од очекувањата, со гол во 94. минута од пенал го совладаа Карабах на гостински терен.
Ова беше рекордна победничка серија на Баер Леверкузен во историјата. Претходно максималната серија беше запишана во 2013 година, кога тимот забележа 9 победи во низа. Воедно „фармацевтите“ го имаат и најдобриот старт во една сезона. Тие имаат 16 победи во 17 натпревари, и само едно „реми“ против Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА