„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Баерн Минхен е невидeна гол-машина под водство на Тухел

Баерн Минхен им се врати на победите во Бундеслигата откако во 25. коло славеше со преубедливи 8-1 против Мајнц. Голеадата започна уште во 13. минута преку Кејн, а веќе до полувремето беа постигнати четири голови, три во мрежата на гостите и еден кај домаќините по следуваше ново шоу во второто полувреме.

Ова е трет пат под водство на Томас Тухел, Баерн Минхен да постигне повеќе од седум голови на еден натпревар во елитното германско првенство со што германскиот стратег во ова достигнување е подобар од Јулијан Нагелсман (два пати), Ханси Флик, Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола (по еднаш).

Се вчитува...