Кога Јулијан Нагелсман пред две години беше назначен за нов тренер на Баерн Минхен, сите сметаа дека тој е вистинскиот наследник на Ханс Флик, кој замина на селекторското место на Германија. Меѓутоа после само две години се покажа како погрешен потег, и покрај тоа што Нагелсман сезонава „гази“ во Лигата на шампионите (има осум победи од осум меча) и тимот и натаму е во битка за титулата.
Меѓутоа според Баерн Минхен, играта е онаа која не била задоволителна, и затоа се решиле да се откажат од услугите на младиот германски тренер. Сепак, неговото неискуство го чинеше отказ, покажувајќи, дека, сепак, нема квалитет да води еден гигант од рангот на Баерн.
Аналитичарите во Германија пресметаа колку Баерн Минхен го чинеше овој експеримент со младиот германски стручњак. Нагелсман ја „олесни касата“ на „Баварците“ за 70 милиони евра, што е премалку со оглед дека стручњакот освои само една Бундеслига, и два трофеи во Супер-Купот на Германија, без успех во Лигата на шампионите.
За потсетување, Баерн плати рекордна отштета на Лајпциг од 25 милиони евра за еден тренер во историјата на фудбалот, а со оглед на неговата плата за договорот до 2026 година, тој ќе ги чини Баварците 70 милиони, што се покажа како погрешна политика на клубот. Тимот губеше по 5-0 во Купот, потоа загуби дома од Ајнтрахт, а изминатиот викенд го загуби првото место на табелата во Германија, што беше одлучувачко за отказот.
На негово место доаѓа Томас Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

