„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Барселона испадна од ЛШ, но доби нов талент

Барселона со победа на гостувањето од Викторија Плзен од 2-4 го заврши својот настап во годинашната сезона во Лигата на шампионите.

Каталонците втора година по ред својот настап во елитата го завршија во групната фаза. И покрај големото разочарување, Барселона на вчерашниот меч доби нов фудбалски талент. Се работи за Пабло Торе. Торе е вториот најмлад фудбалер во историјата на клубот (19 години и 212 дена), кој во својот прв старт за тимот во ЛШ успеал да постигне гол.

Помлад од него беше само Мексиканецот, Џовани дос Сантос кој стрелаше во декември 2007 против Штутгарт на 18 години и 215 дена.

 

Се вчитува...