ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Челси е „лузер“ каков што досега не видела Англија

Фантастичниот натпревар помеѓу Челси и Ливерпул во финалето на англискиот Лига куп заврши со „црвена“ радост на „Вембли“ откако Вирџил ван Дајк со гол во 118. минута го донесе јубилејниот десетти трофеј за својот клуб во ова натпреварување.

А, пак Челси се најде на „погрешната страна на историјата“ со оглед на тоа што претрпе пораз и во шесттото последователно домашно Куп финале, нешто што за прв пат се случува во „островскиот“ фудбал.

Оваа серија на „сините“ трае од 2019 година кога исто така беше загубен Лига купот, во 2020 и 2021 година Челси претрпе пораз во ФА Купот, а во 2022 година беа загубени и Лига купот и ФА Купот.

 

Се вчитува...