Фановите на Челси повторно беа разочарани во 18. коло од Премиерлигата во кое нивниот тим претрпе пораз од 2-1 на гостувањето кај Вулверхемптон доживувајќи го осмиот пораз во сезоната.
„Сините“ имаат пет обиди кон противничкиот гол, но единствен кој реализираше беше Кристофер Нкунку во 96. минута. Работите на теренот можеа да бидат и спротивни доколку Стерлинг не прокоцка шанса „3 на 1“ во првото полувреме со што само ја потврди очајната завршница кој е најголем проблем на клубот.
Челси оваа сезона не реализираше 36 големи шанси од можни 57 со што е најлошиот тим во Премиерлигата.
36 – Chelsea have failed to convert 36 big chances in the Premier League this season (21/57 scored); the most of any team. Imprecision. pic.twitter.com/xPgKqSoL3Q
— OptaJoe (@OptaJoe) December 24, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА