„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Челси со помош на традицијата до титула во ЛШ

Ждрепката за групната фаза од Лигата на Шампионите го смести англискиот претставник Челси во групата „Е“ заедно со Милан, Динамо Загреб и Ред Бул Салцбург. Интересно, двократниот освојувач на престижното натпреварување во најуспешните сезони на европската сцена во 2011/12 и 2020/21 исто така започна од групата „Е“, а на крајот стигна до „ушкото“.

Сезоната 2011/12 „сините“ ја започнаа против Баер Леверкузен, Валенсија и Генк и го освоија првото место во групата. Нокаут фазата ја започнаа со огромен пресврт против Наполи, а ги елиминираа и Бенфика и Барселона до големото финале на „Алијанц“ каде славеа против домаќинот Баерн Минхен.

Во сезоната 2020/21 се сретнаа со Севилја, Краснодар и Рен, а откако завршија на врвот на табелата се сретнаа со Атлетико Мадрид, Порто, Реал Мадрид и во големото финале одиграно на „Драгао“ славеа против Манчестер Сити. Дали традицијата и оваа сезона ќе биде на страната на лондонскиот тим останува да видиме.

Се вчитува...