„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Диого Жота игра во животна форма

Фудбалерите на Ливерпул стигнаа до нов триумф во Премиер-лигата откако синоќа на домашен терен над Лестер со 2-0 во натпревар од 24. коло во англиската Премиер-лига.

Херој за „црвените“ од Енфилд беше Диого Жота кој ги постигна двата погодока на натпреварот. Со овие два гола Португалецот стигна до бројката од 17 сезонава во сите натпреварувања што е убедливо најдобар перформанс за него во кариерата.

Во моментов е и втор стрелец во англиската Премиер-лига со 12 гола, а пред него се наоѓа само неговиот соиграч Мохамед Салах кој досега постигна 16 голови.

 

Се вчитува...