ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Добредојде во Манчестер Јунајтед посакува Маркус Рашфорд

Ерата на Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед започна со реми на гостувањето кај Ипсвич во натпревар во кој двата тима по еднаш ја тресеа мрежата.

За Манчестер Јунајтед тоа го направи Маркус Рашфорд на кој му беше потребно само две минути да продолжи една фантастична низа. Имено, англискиот репрезентативец е тој кој постигнува прв гол под водство на нов тренер.

Во 2016 година на дебито на Ван Гал ја тресеше мрежата против Лампард, во истата година во првиот натпревар на Мурињо стралаше против Хал, две години подоцна и против Кардиф на дебито на Солскјер, а единствено не постигна гол на дебито на Тен Хаг во 2022 година и средбата против Брајтон.

Се вчитува...