„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Еден трипл-дабл го дели Дончиќ од историја

Далас стигна до нова победа во НБА лигата откако изминатата вечер славеше над Портланд со 112-132. Лука Дончиќ немаше добра шутерска вечер, но ги разигра соигачите со што стигна до нов трипл-дабл во својата кариера, овој пат проследен со 15 поени, 15 асистенции и 10 скока.

За Словенецот тоа е 42. ваков учинок во кариерата и во моментот се наоѓа на 11. место на вечната листа, а еден трипл-дабл го дели од изедначување со Фат Лавер и влез во историската вечна листа од десет кошаркари која ја предводи Расел Вестбрук.

Се вчитува...