Фудбалерите на Интер му го нанесоа првиот пораз на Наполи сезонава откако синоќа во дербито на 16. коло во италијанската Серија А славеа на домашен терен со минимални 1-0.
Херој за „нероаѕурите“ беше репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко кој го постигна победничкиот погодок. За Џеко ова е 20 погодок во дресот на Интер, а сите од нив се постигнати по неговата 35 година.
Бројката на сите постигнати голови на останатите фудбалери на Интер во историјата кои имале над 35 години е 19.
20 – Edin Dzeko has scored 20 Serie A goals for Inter, each of them after turning 35: all the other Inter players who have found the net at 35+ years old in the competition have scored 19 in total. Endless.#InterNapoli #SerieA pic.twitter.com/cQMQiLPIfp
— OptaPaolo (@OptaPaolo) January 4, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА