ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Едниот голман им е суспендиран, другиот повреден, а противниците не можат да им дадат гол

Тимот на Ајакс завчера со победата од 5:0 над Вилем втори, сруши еден рекорд. Имено, тимот од Амстердам не прими ниту еден гол во првите полувремиња од сите 15 натпревари во првенството на Холандија, што досега не му успеало на ниту еден тим во историјата.

Интересно е што овој рекорд доаѓа во миговите кога Ајакс не може да смета на своите први двајца голмани. Андре Онана беше суспендиран поради допинг, и дури пред некое време се врати меѓу диреците, додека Мартен Штекеленбург се повреди на почетокот на сезоната. Така во прв план изби третиот чувар на мрежата Ремко Пасвер, кој беше донесен од Витесе и дојде до овој рекорд со своите 38 години.

Ајакс има примено само два гола во досегашниот тек на сезоната, и двата во вторите полувремиња. Тимот од Амстердам добро гази и во Лигата на шампионите, каде го освои првото место во групата со Спортинг, Борусија Дортмунд и Бешикташ и се пласираа во 1/8 финалето.

Се вчитува...