Елјиф Елмас и неговиот Наполи сигурно чекорат кон титулата во италијанската Серија А, откако синоќа без поголеми проблеми забележаа нов триумф, овојпат против „фенерџијата“ Кремонезе на домашен терен со убедливи 3-0.
Стрелец на последниот погодок за „наполитанците“ беше македонскиот репрезентативец Елмас. По 22 одиграни натпревари во Серија А, избраниците на Лучијано Спалети собраа 59 бода што е втора најдобар скор во историјата на Серија А.
Подобри од нив се само Интер од сезоната 2006/2007 и Јувентус во 2018/2019 и двата тима по 22 натпревари собраа шеесет бода.
59 – Only Inter in 2006/07 (60) and Juventus in 2018/19 (60) have collected more points than Napoli 22/23 in the first 22 games of a Serie A campaign (59). Marvelous.#NapoliCremonese
— OptaPaolo (@OptaPaolo) February 12, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА