ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Ерлинг Халанд е „хет-трик машина“

Ерлинг Халанд е херојот на вчерашните два осминафинални натпревари, откако постигна неверојатни пет гола во дуелот со Лајпциг, во победата на неговиот Сити од 7-0 (вкупни 8-1).

Норвешката гол машина не може да се сопре, погодуваше од секаде, од пенал, од игра, едноставно го „тероризираше“ противникот кој се збогуваше со Лигата на шампионите, и сега се врти кон домашниот шампионат.

Тој постигна пет гола и со тоа го запиша петтиот хет-трик сезонава што е неверојатен податок бидејќи има три повеќе од било кој друг фудбалер во топ 5 лигите во светот.

 

Се вчитува...