Ерлинг Халанд вчера постави нов рекорд во Премиерлигата. Норвежанецот едноставно ги кине мрежите на противниците, и не му требаше многу да се прилагоди на англиското првенство.
Халанд стигна до бројката 20 голови, и тоа во само одиграни 14 натпревари во Премиерлигата, со што го сруши овој рекорд. Претходно рекордер беше Кевин Филипс, кој постигна 20 гола на 21 меч, а Фернандо Торес истата бројка ја имаше на 27 натпревари.
Халанд едноставно ја „сврте“ и Премиер-лигата.
🔊 NEW RECORD! 🔊@ErlingHaaland wins the race to 20 #PL goals in record time, just 14 matches! ⏱️ pic.twitter.com/WPQXkOaqZw
— Premier League (@premierleague) December 28, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА