Ерлинг Халанд дебитираше во Премиерлигата со изнуден пенал и гол против Вест Хем со што најави дека ќе биде екстра засилување за Манчестер Сити во новата сезона. Очекувањата за Норвежанецот се големи, но ако по утрото денот се познава младиот голгетер не само што ќе ги исполни, туку и ќе ги надмине.
Со изнудениот пенал Халанд стана само вториот дебитант во историјата на Премиерлигата по Александро Пато (Челси) кој успеал да изнуди и да реализира пенал, а со успешното изведување од белата точка и да застане рамо до рамо со Серхио Агуеро како единствени кои успеале да ја затресат мрежата на дебито за „граѓаните“.
Серхио Агуеро кој е најдобриот голгетер во историјата на Манчестер Сити до бројката од 259 гола стигна на 388 натпревари. Колку меча ќе му бидат потребни на Халанд останува да видиме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

