„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – „Фараоните“ се специјалисти за „пенал-рулетот“

Египет се пласираше во финалето на Африканскиот куп на нации откако синоќа во полуфиналето по изведување на пенали беше подобар од Камерун. Откако по 120 минути натпреварот заврши без голови 0-0, Египет по „пенал-рулетот“ беше подобар со 3-1.

Ова е дури шести пат „фараоните“ преку изведување на пенали да успеат да се пласираат во следната рунда што е најмногу во историјата на ова натпреварување.

 

Се вчитува...