„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Формата на Лидс во април е шега

Фудбалерите на Лидс ги чека голема борба за опстанок во англиската Премиер-лига, а нивната форма не им ветува на навивачите на овој клуб дека и следната сезона би останале во англиската елита.

Лидс во моментов е на 16. позиција на табелата, но формата во која се наоѓа тимот од „Илан роуд“ е во најмал случај загрижувачка. Тие синоќа примија шест гола од Ливерпул, а на нивниот претходен меч против Кристал Палас примија пет. Тие во месец април имаат досега примено шеснаесет гола на четири натпревари.

 

Се вчитува...