„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Френки де Јонг одигра перфектно полувреме.

Барселона одигра без голови 0-0 на домашен терен против Галатасарај во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на Европа.

По серија одлични мечеви во сите конкуренции, Каталонците на вчерашниот меч на „Камп ноу“ останаа без муниција.

Сепак, холандскиот интернационалец, Френки де Јонг го одбележа првото полувреме кое го одигра перфектно. Имаше успешни 30 од 31 додавање, со четири добиени дуели и две одземени топки.

 

Се вчитува...