Барселона веројатно го одигра најслабиот натпревар во последните два и пол месеци, откако ремизираше на гостувањето во Германија кај Ајнтрахт Франкфурт (1-1) во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на Европа.
Домаќините беа подобар противник, но Каталонците покажаа дека и кога не играат најдобро, на крајот може да дојдат до поволен резултат. Барселона имаше негатива од 1-0 се до влегувањето на Френки де Јонг и Усман Дембеле.
Токму првиот беше асистент на голот на Феран Торес, со што дојде до бројката од три во последните седум меча, што е за само една помалку од учинокот кој го имаше во претходните 47 натпревари.
3 – Frenkie de Jong has provided 3 assists in his last seven games for @FCBarcelona 🔵🔴, just one less than in his previous 47 games in all competitions for the Catalonian side (4). Importance. pic.twitter.com/Rqwq0dmneE
— OptaJose (@OptaJose) April 7, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА