„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Гризман ја враќа старата форма пред СП

Атлеитко Мадрид синоќа прокоцка победа во самиот финиш (1-1) против Рајо Валјекано во малото мадридско дерби како дел од 10. коло во шпанската Ла лига.

Иако, „јорганџиите“ не стигнаа до победата, Антоан Гризман полека, но сигурно ја враќа својата стара форма. Тој беше асистент на погодокот на Мората во 20. минута. Французинот е инволвиран во дури 7 од последните 13 гола на својот тим, иако поради спорот со Барселона не добиваше голема минутажа.

 

Се вчитува...