Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерилнг Халанд синоќа беше стрелец во победата на неговиот тим против Лајпциг со 3:2 во натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
Голгетерот со овој гол дојде до бројката 40 во Лигата на шампионите, и до овој подвиг стигна со 35 одиграни натпревари во најелитното фудбалско клупско натпреварување.
Воедно, тој најбрзо стигна до оваа бројка, соборувајќи го рекордот и на напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе. Исто така стана и најмладиот стрелец на 40 гола во ЛШ.
Оваа сезона, 23-годишниот Халанд забележа 20 настапи за Манчестер сити во сите натпреварувања, постигнувајќи 19 гола и четири асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА