ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Халанд го одигра најлошиот натпревар во последните три години

По „киксот“ на Арсенал и поразот од Евертон, Манчестер сити не успеа да се врати во игра за титулата во англиската премиер-лига откако доживеа пораз на гостувањето кај Тотенхем со 1-0.

Тотално ништо не одеше од рака за „граѓаните“, а во целото сивило се вклучи и најдобриот фудбалер на Пеп Гвардиола, Ерлинг Халанд. Норвежанецот не успеа да упати ниту еден удар кон противничкиот гол што му се случува за првпат по септември 2020 година. Тогаш како член на Борусија Дортмунд не успеа да упати ниту еден удар кон голот на Дуизбург во Бундеслигата.

 

 

 

Се вчитува...