Почетокот на новата сезона во Премиерлигата донесе нова фантастична игра од страна на норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд. Напаѓачот на Манчестер Сити одново ја потврди својата класа веќе постигнувајќи девет од единаестте погодоци на својот тим.
Со тоа тој има постигнато повеќе голови од било кој клуб во елитниот англиски шампионат. Зад него следат Челси со осум постигнати голови, Ливерпул и Астон Вила со по седум, Арсенал, Њукасл Јунајтед, Брајтон, Брентфорд и Тотенхем со по шест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА