Во спектакуларното финале на Суперкупот на Шпанија одигран во Џеда, Барселона славеше над вечниот ривал Реал Мадрид и го освои рекордниот 16. трофеј во ова натпреварување.
Тоа воедно е и осми трофеј во тренерската кариера на Ханси Флик кој го задржа перфектниот учинок кога станува збор за финалните натпревари.
Флик пред да и се приклучи на Барселона со Баерн Минхен освои пет трофеи во Лигата на Шампионите, УЕФА Суперкупот, Светското клупско првенство, германскиот Куп и германскиот Суперкуп.
Со Барселона пак претходно стигна до титулите во Купот и Суперкупот на Шпанија во 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

