Хари Кејн вчера постигна хет-трик со кој Баерн Минхен го совлада Мајнц со 8-1 вчера, израмнувајќи го рекордот стар 60 години и ги одржа надежите на својот тим дека може да дојде до титулата, и покрај тоа што заостанува 8 бодови од водечкиот Баер Леверкузен.
Кејн сега има 30 голови во својата прва сезона во боите на Баерн, со што го израмни рекордот на бројот на голови по прва сезона кој го постави германската легенда Уве Зелер играјќи за Хамбургер во сезоната 1963/64.
Исто така Кејн се доближи до рекордот на Роберт Левандовски од 41 гол во 2021/21. На Англичанецот за тој рекорд му требаат уште 11 голови во последните девет кола за да го сруши и овој рекорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА