„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Хари Кејн им се приближува на најдобрите во историјата на ПЛ

Тотенхем одигра феноменален натпревар на домашен терен против Евертон добивајќи го со 5-0 во последниот натпревар од 28. коло во англиската Премиер-лига. Прво име во победата на лондонскиот клуб беше Хари Кејн кој постигна два гола.

Со овие два гола тој стигна до бројката од 176 во елитното англиско натпреварување и сега е на само еден негатива од петтиот на листата на најдобри стрелци Френк Лампард. Во топ 5 се наоѓаат Алан Ширер (260), Вејн Руни (208), Ендрју Кол (187) и Серхио Агуеро (184).

 

Се вчитува...