После тешкиот пораз кој го доживеаја од Франција во првото коло во квалификациите, фудбалерите на Холандија бараа „вадење“ на дуелот со Гибралтар. Се освен убедлив триумф ќе беше огромна сензација. Холанѓаните на крајот славеа триумф од 3-0, и покрај тоа што се очекуваше со поголема разлика, а прогнозите велеа дека ќе одат над шест-седум.
Стрелци на головите беа Депај и Аке кој постигна два гола, а само нивните 49 удари кон голот на противникот завршија на вистинското место.
Од 49 обиди, 12 удари одеа во голот, 21 надвор од рамките на голот, додека 16 беа блокирани. Тоа значи дека „лалињата“ имаа голем проблем со реализацијата, односно нивниот учинок беше мизерен.
Голот на Депај во 23. минута, практично, беше нивниот прв посериозен обид кон голот на „аматерите“ од Гибралтар. Вториот и третиот погодок ги постигна одбранбен играч, тоа значи дека Роналд Куман ќе мора да бара решенија во нападот. Да потсетиме дека Депај во Париз промаши пенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА